Повторно искасани скопјани од кучиња скитници

|

Две лица биле каснати од куче во текот на вчерашниот ден во Скопје.

–Во 11.30 часот во полициската станица Гази Баба, 62-годишниот М.М. од Скопје пријавил дека на улицата „Париска комуна“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. Во 15.30 часот во пoлициската станица Бит Пазар, 48-годишниот Ќ.И. од Скопје пријавил дека на улицата „Павле Илиќ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница – информираат од МВР.