Пронајдена необична работа во „мерцедесот“ на убиецот од Младеновац

|

Во селото Шепшин кај Младеновац полицијата го пронашла „мерцедесот“ од кој на 4 мај во доцните вечерни часови Урош Б.(21) пукал во невини жители на селата Мало Орашје и Дубона. Покрај оружје, во него бил пронајден и ранец за достава на храна, пренесе Машки магазин.

Во автомобилот се пронајдени три празни чаури за автоматска пушка, неколку рачно изработени бомби, многу муниција и пиштоли.

Возилото било скриено на околу еден километар од главниот пат. Жителите на Шепшин, но и на околните села се посомневале дека автомобилот на Урош е на еден од земјените патишта во Шепшин, но претпоставувале дека е заглавен.

Во куќата на таткото на осомничениот за масакрот во Младеновац пронајден арсенал оружје

Селото изминативе денови преполно со полиција, а тие беа фокусирани на делот од селото каде што патот се спушта во обраснатиот дел и каде се спушта до земјениот пат, додека го пребаруваа теренот.

Во автомобилот биле пронајдени три празни чаури за автоматска пушка, неколку рачно изработени бомби, многу муниција и пиштоли.

Друг детал, кој не остана незабележан, е дека во автомобилот имало и ранец кој се користи за достава на храна. Како што дознава Телеграф.рс, Урош Б. го имал ранецот со себе за, доколку биде запрен од полицијата при неговото бегство, да се претстави како доставувач кој случајно се нашол на пат.

Потсетуваме дека Урош го започна масакрот во селото Мало Орашје. Таму ги убил Марко М.(18), Александар М.(18), Н.М.(15), Лазар М.(20) и Немања С.(21).

После тоа седнал во „мерцедесот“ и продолжил да сее смрт.

Во селото Дубона ги убил полицаецот Милан П., неговата сестра Кристина П. и Далибор Т.

Потоа побегнал. Се ослободил од пиштолот, автомобилот и мобилниот телефон. Од куќа во село Шепшин украл автомобил со кој се упатил кон Мали Пожаревац, каде запрел таксист и под закана со бомба го принудил да го однесе во селото Вињиште кај Крагуевац.

Според неофицијални информации, вештината на пукање, како што кажа и самиот, ја стекнал со вежбање на отворено.

Мотивот за пукањето во него било тоа што, според него, луѓето го нарекувале со погрдни имиња и често го озборувале него и неговото семејство.