Денес времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО на повеќе места со повремени врнежи од дожд на пониските и од снег на повисоките места и на планините. Повеќе врнежи ќе има во јужите предели, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.
Според Попоски во следните денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени послаби локални врнежи од дожд , но и со сончеви периоди.
Особено во среда ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурите, минималните до четврток на некои места ќе се спуштаат за некој степен под нулата, додека максималните ќе бележат тенденција на постепен пораст.