Во најновото онлајн и печатено издание на британскиот Гардијан, претставени се омилените јадења на Observer Food Monthly (ОФМ) за 2022 година која се објавува секоја пролет, а се однесува на 50 места, луѓе и проекти во светот на гастрономијата кои ги воодушевиле со својата работа.
Рецензијата на најдобрите 50 започнува со Спасија Динковски и нејзиниот Mystic Börek: најдобрите печива на Инстаграм.
За Спасија Динковски, раните денови на карантинот, заради болеста која се шири, беа време на можност. Работејќи 15 години во рамките на угостителскиот бизнис на други, пишува ОФМ, таа решила да се фокусира на себе, базирајќи се на усовршување на нејзиното омилено печиво кое го правела нејзината баба Македонка. Во август 2020 година, таа го лансирала Mystic Börek: клиентите ќе ѝ нарачале од нејзините прекрасни пити, преку Инстаграм, а таа со нејзината количка им ги доставувала на одредени точки низ Лондон.
Целиот текст на порталот „Арт кујна“.