|
Најмалку шест лица загинаа, а 42 се повредени денеска при судар на автобус и камион во југозападна Турција, јави агенцијата Анадолија.
Несреќата се случила рано изутрината во округот Денизли. Возачот на камионот натоварен со песок изгубил контрола, влегол на спротивната коловозна лента и се судрил со автобусот, кој при ударот се превртел.
Пет лица од превртениот автобус загинале на самото место, а едно лице починало во болница. Двајцата возачи и 40 повредени патници се пренесени во околните здравствени установи.
Автобусот превезувал патници кои оделе на свадба од Измир. (МИА)