Жељко Јоксимовиќ ги откри своите секојдневни навики за исхрана, кои му помагаат за да одржи добра линија и енергија.
„Денот го започнувам со полномастен тост, комбиниран со различни состојки – авокадо, кремсир, димен лосос, јајца, итн. После појадокот, готов сум со јаглехидрати за тој ден. Јадам само протеини и зеленчук, а потполно го извадив шеќерот од својата исхрана“, истакнал Јоксимовиќ.
„Секако, јадам нешто благо еднаш во неколку месеци или така нешто, но тоа не се случува секоја година. Што се однесува на останатите прехрамбени навики, јадам на секои 5 часа и се трудам да избегнам закиселување по секоја цена, бидејќи тоа се покажа како најголем проблем за моето тело. Вежбам редовно и комбинирам различни видови на вежби. На пример, сакам бициклизам, а возам околу 10 километри дневно, додека често возам и повеќе од тоа низ Белград. Таму има многу простор за бициклизам, а езерото Ада Циганлија е мој избор за тоа. Покрај бициклизам, пливам најмалку 3 дена неделно, а во теретана идам на секои два дена. Имам пријатели кои се фитнес тренери и вежбаме заедно, што ми овозможува да ги спроведувам најдобрите програми за своето тело и за работата што ја правам“, рекол Жељко