„Бев клинички мртов, гледав бели завеси и непознати луѓе“: Дарко Лазиќ за 23-те дена во кома

|

Популарниот српски пејач Дарко Лазиќ пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа во која едвај остана жив. Сега пејачот се присети како едвај останал жив и раскажа за необичното искуство во состојба на клиничка смрт, кога 23 дена бил во кома.

Имено, фолкерот гостуваше во подкаст, каде опиша сцени од привиденија додека бил на апарати за одржување во живот.

„Имав сообраќајна несреќа во октомври 2018 година и буквално по неколку часа бев отпишан. Целосно потонав. Два месеци бев во болница. Да не зборуваме за повредите, кои се страшни: 12 скршени ребра, скршен колк, карлица, граден кош, хематом на глава, слезина, бубрег… Се, се. Еден месец дишев на машини. Бев во кома 23 дена. Тоа е многу чудна работа. Нон стоп ги имав во глава и гледав некои бели или светло сини завеси кои постојано беа таму, летаа. Видов и некои луѓе кои воопшто не ги познавам. Малкумина го знаат тоа, а сега го кажав. Тие 23 дена траеја како да легнав и спиев и се разбудив следниот ден – откри Лазиќ, а кога неговите соговорници изјавија дека може да се разбере дека ова е „како да бил од другата страна“, тој одговори:

„Бев клинички мртов, во кома. Знам дека ме реанимираа. Така и ми рекоа подоцна, па има нешто по смртта сигурно“ – рекол пејачот.

Лазиќ истакна дека и тој извлекол поуки од оваа несреќа.

„Лошата страна е што бев многу повреден и што се уште имам проблем со ногата и тие повреди. А добрата страна на мојата несреќа е што конечно видов кој не ми треба во животот и научив што не сакам, а што сакам“ – рекол пејачот.

Лекарите на Дарко му предвиделе дека тој може да остане неподвижен, што беше најлошо од се. Сепак, после направената операција, се тргнало на добро, пренесува „Пинк.рс“.

Автомобилот со кој Дарко Лазиќ доживеа соообраќајна несреќа беше целосно уништен, но и таков е продаден на обожавател на пејачот, кој го купил од отпад.