Брена носи „Ролекс“ од 80.000 евра, а на работниците им должи 20.000 евра! (ФОТО)

|

Иако Лепа Брена минатата недела се најде во центарот на скандалот, бидејќи во јавноста „пукна“ брука дека таа и нејзиниот сопруг нелегално граделе на државно земјиште и дека на работниците им должат околу 20.000 евра, таа не сака да се оддели од скапите накити по кои е позната.

Така пред неколку дена Брена во јавноста се појавила со прескап часовник од марката „ролекс“ и тоа моделот „космограф дајтон“ од жолто злато со црни керамички дијаманти. Цената во малопродажба е 33.250 евра, додека на пазарната му е 80.000 евра!

Брена гордо позирала на Инстаграм со својот нов часовник, кој доминирал на нејзината рака, а коментарите на нејзина сметка само се нижеле…

„Плати ги работниците, па носи часовник од 80.000 евра! Гради на диво, а носи „ролекс“ кој се чека три години“ – се само некои од коментарите под фотката.

Извор: Убавина и здравје