|
Сјајната комета Нишимура, која неодамна е откриена, денес на 12 септември, ќе го осветли небото на северната хемисфера, потоа уште еднаш на 17 септември. Нејзиното враќање кон Земјата ќе се случи по четири века. Името го добила по астрономот-аматер Хидео Нишимури од Кагава кој ја открил минатиот месец.
Нишимура е „хиперболична комета”, што значи дека има огромна енергија со која успева да помине без да биде заробена во сончевиот систем. Но, како што е веќе кажано, ќе замине доколку не се распадне кога ќе биде блиску до Сонцето.
Од НАСА веруваат дека сепак Нишимура ќе го преживее Сонцето.