(ВИДЕО) МАКЕДОНЕЦ ЗАСТРЕЛАН ВО ВРАЧАР Непознат сторител пукал во две лица, полицијата трага по сторителот

|

Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин Д.Л. (21). Тој бил застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П.
Вечерва во 19 часот и 40 минути на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки во белградската населба Врачар се случи престрелка при што се застрелани две лица, а според некои српски медиуми едниот од нив е македонски државјанин.

https://www.instagram.com/p/CsjhWK2oQv5/?igshid=MTc4MmM1YmI2Ng==

Според информациите А.П.(26) е ранет во пределот на десната надколеница.
Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин Д.Л. (21). Тој бил застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П.
Полицијата интензивно трага по сторителот, а во сила е антимафијашката акција „Вихор“.


Според очевидци тој има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки.