Од утре па за време на викендот нашата територија ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе биде во склоп со циклонот ВИКТОРИЈА и ќе условува развој на нестабилна облачност и тоа особено во попладневните часови.
Истата ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најмногу нестабилност и врнежи ќе има во сабота и тоа во најголем дел од денот и на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ПОНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Максималните дневни температури на воздухот понатаму ќе се искачуваат во интервалот претежно од 24 до 33 степени.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ