|
ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека на ден 07.05.2023г.(недела) поради изведба на градежни активности за асфалтирање со порамнителен слој на асфалтна маса на улицата Даме Груев во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија, во периодот од 8ч. наутро до 15ч попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена едната коловозна лента.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.