Вчера околу 10 часот во полицијата добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката).
Вработениот потоа ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во полицијата.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Исто така, вчера во 14 часот полициски службеници го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Скопје, поради тоа што во домот на подрачјето на Драчево физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга и им се заканувал со остри предмети нејзе и на нивниот син.
Тој потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.