Втор ден вода од цистерна за дел од Скопје – Еве го распоредот

|

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска поради уличниот дефект ф-600 мм на Борис Трајковски бб (пред мостот во Драчево), повторно ќе кружат цитерни со за питка вода за граѓаните.

Распоредот на цистерните за питка и техничка вода е следен:

Усје 09-10 часот, Пинтија 10-11 часот, Батинци 11-12 часот, с. Драчево 12-13 часот, н. Драчево 13-14 часот, н. Драчево 09-10 часот, с.Драчево 10-11 часот, с. Д.Лисиче 11-12 часот, с. Студеничани 12-13 часот и с. Морани 13-14 часот.

Зависно од населеното место цистерните ќе бидат лоцирани пред училиштата и градинките или на главната улица доколку се работи за засегнатите села.