Ако ова лето ви беше исклучително жешко, не сте единствени. Тоа е глобален феномен, а Светската метеоролошка организација (СМО) објави дека штотуку ги поминавме најжешките три месеци, од почетокот на јуни до август, откако се води ваква статистика.
Нашата планета штотуку мина низ топла сезона, најжешкото лето некогаш забележано. Климатските промени започнаа.
Научниците долго време предупредуваат дека нашата зависност од фосилни горива ќе доведе до тоа и дека растечките температури бараат итна акција.
Државниците мора да најдат решение за климатските промени. Сè уште можеме да го избегнеме најлошото, но немаме повеќе време за губење, ги пренесе WMO во своето соопштение, зборовите на генералниот секретар Антонио Гутереш.
Во секој од овие три месеци, температурите на морската површина соборуваа рекорди, а морскиот мраз на Антарктикот достигна рекордно ниско ниво за овој период од годината.
Во јули многу земји забележаа рекордно високи температури, а само во Мексико повеќе од 200 луѓе загинаа како последица на горештините.
Споменатата температура на површината на морето и океанот всушност забележа рекорди во последните пет месеци, односно и во април и мај.
Просечната глобална температура на морињата во август достигна 20,98 степени, а претходниот рекорд од март 2016 година беше надминат во секој ден во август.
Меѓутоа, она што загрижува не се рекордите, туку траењето на ваквата состојба и влијанието што вака високите температури го имаат и врз луѓето и врз природата, а се очигледни се последиците врз целиот климатски систем.
Според податоците на WMO, август бил убедливо најтоплиот август досега, но го надминал и рекордот најтопол месец досега, овогодинешниот јули.
Како што објави WMO, температурата на копното и морето беше за степен и пол потопла од просечната забележана помеѓу 1850 и 1900 година. Ситуацијата може да стане уште потешка кога Ел Нињо ќе тргне во акција.
Како што е познато, станува збор за климатски феномен во кој од пацифичкото крајбрежје на Јужна Америка се шири појас со топли води, што често носи повисоки температури на глобално ниво, но и екстремни временски услови и други опасни појави како топлотни удари, пожари, поплави…
Оваа година Ел Нињо се појави во тропските предели на Тихиот Океан за прв пат во последните седум години, така што постои многу голема веројатност дека затоплувањето на океанот ќе продолжи до крајот на 2023 година.