Денес ни пристигнува најмоќната млада Месечина за оваа година

|

Ако ви е потребен нов почеток, нема многу да морате да чекате.

Младата Месечина во Водолија на 1 февруари ни го овозможува тоа. Таа носи можност за нов почеток на индивидуално, но и пошироко ниво. Ова е енергијата која ни е потребна токму сега, велат астролозите.

Позната е и како црна Месечина, а се наоѓа меѓу Венера и Меркур. Тоа и дава силна енергија на оваа месечина, а за нас носи можност да се ослободиме од минатото и да погледнеме напред кон нови победи и тоа со силна самодоверба. Младите Месечини секогаш носат можност за нови почетоци, но овој транзит е особено моќен бидејќи ни носи и оптимизам и желба за непознатото.

Освен тоа, под влијание на Водолијата, ќе имаме можност да ја покажеме својата уникатност и да го достигнеме својот највисок потенцијал. Ќе се запрашаме и кои се некои делови од нас кои треба да ги промениме и ќе си овозможиме храброст  за направиме нешто во однос на тоа.

Ќе имаме многу нови идеи, но и желба да се поврземе со другите. Доаѓаат прогресивни промени, а ваквите промени се многу моќни. Иако младите месечини вообичаено нè тераат да погледнеме напред кон новите почетоци, оваа ќе ни донесе инспирација и да се навратиме наназад кон минатото и тоа за момент. Прашајте се каде сте биле и што сте правеле за време на 17 февруари 2021, 14 јуни 2021 и 24 декември 2021. Ако постојат некои желби кои сте ги имале во 2021 и тоа особено околу овие дати, сега ќе ја добиете можноста да го остварите посакуваното.

Ако сте родени во знаците Близнаци, Вага или Водолија, вие особено ќе го почувствувате позитивното влијание на оваа млада Месечина.