„Друг човек“: Сашко Коцев не престанува да ги изненадува фановите со трансформациите! (фото)

|

Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

Периодов Сашко е доста зафатен со снимање на нови проекти, неодамна откри дека работи на филмот „М“ на Вардан Тозија каде ја изгра улогата на Марко.

Актерството постојано го носи од една во друга трансформација, а сега повторно изненади со промената на изгледот за детската серија „Зоки поки“ која започна да се снима од неодамна.

Кога Коцев објави фотографија на која има зачешлана коса, очила за вид и долга брада, обожавателите реагираа со неколку илјадници допаѓања, но и коментари дека изгледа како друг човек.

Исто така му порачаа нему и на екипата да се потрудат да се направи телевизиски проект кој ќе се памети и ќе го сакаат и гледаат многу деца.