Д-р Николов за ТВ 24: По пандемијата за трипати е зголемен бројот на срцеви удари

|

Бројот на срцеви удари е зголемен за трипати по Ковид-пандемијата, вели началникот на одделението за кардиологија во клиничка болница-штип, доктор Сашко Николов, според кој значително е зголемена бројката на интервенции. Ако претходно имале по 20 пациенти со инфаркти месечно, сега има над 35 интервенции.

Загрижува фактот дека бројот на инфаркти е значително зголемен кај средната и младата популација. Тој апелира на превенција, редовно да се оди на контроли, а по 45-тата година задолжително да се прават тестирањата, кои ги препорачуваат кардиолозите.