Еден наш сосед ги враќа маските како задолжителна мерка – Треба ли и кај нас да се воведе истата мерка?

|

Поради новилт бран со кој се соочува цела Европа и поголем дел од сцетот, од понеделник соседна Бугарија го враќа носењето заштитни маски против болеста, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев.

Според него, „Бугарија се соочува со нов бран и варијанта на болеста коа се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку бргу и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација“.

Тој ќе предложи нов панде мичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место. Новите мерки се очекуваат да стапат во сила од понеделник.

Тој беше дециден дека никој нема да ја пропадне туристичката сезона или економијата во оваа комплицирана ситуација, но сепак, кога ќе се носат одлуки, вклучително и од Националниот фонд за здравствено осигурување на Бугарија, мора да размислуваме за здравјето на луѓето, потоа – за заштеда на пари, категорично изјави Кунчев.