За кој прекршок полицијата најмногу казнува?

|

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 179 возачи во рамки на засилената акциска контрола на МВР на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во информацијата на МВР.