„Изминатите 10 месеци засекогаш ќе ги паметиме“: Се огласи Пријовиќ и откри неочекувана вест (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Александра Пријовиќ –Живојиновиќ се породи и на свет го донесе синот Александар, а изминатиот викедн заедно со саканиот сопруг Филип, се прошета покрај езеро, каде уживаше во сончевиот априлски ден.

Александра објави фотографија која е снимена на езерото популарно наречено Ада Циганлија, каде се шеташе со сопругот.

-Последните 10 месеци засекогаш ќе ги паметиме… поминавме низ најубавите моменти во нашите животи… уживаме во одморот кој трае уште неколку дена, а тогаш следи враќањето на работа! Песните се подготвени и очекувајте многу убави изненадувања. Се дружиме од јули со нова енергија и многу љубов! Ве сака Александра- напиша пејачката.

Пејачката по породувањето досега не се имаше огласено на социјалните мрежи, ниту пак има објавено фотографии од новиот член на семејството.

Како што истакна во една нејзината објава на „Инстаграм“ таа одбила да се фотографира со бебето за медиумите.

Меѓутоа, деновиве Александра и Филип го носеле нивниот син на првата контрола.

Во таа прилика папараците успеале да ги фотографираат, па се појавија неколку фотографии на српските портали.

Еве како изгледаат Прија и Филип.

За потсетување, првпат по породувањето Александра се појави на роденденската забава на Виктор Живојиновиќ, синот на Брена и Боба.