Индискиот лунарен ровер испрати први податоци од Месечината: Измерена температура од 70 степени

|

Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој слета на Месечината откако беше истоварен од вселенско летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испратил на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината.

Од испратените податоци може да се дозане дека е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека таа би можело да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања.

Организацијата на платформата „Икс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.

Како што се наведува во соопштението, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри.

FacebookTwitterCopy Link