Неделава повторно продолжен викенд. Имено, согласно Законот за празници, неработен ден за сите граѓани ќе биде овој петок, кога се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија.
Следниот неработен ден за сите граѓани е во првата половина на следниот месец. Поточно неработен ќе биде 11. октомври – Ден на народното востание.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ: 11 октомври (среда), Ден на народното востание, 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.