Ковачев: „Црните листи“ се иницијатива на Пендаровски

|

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачки во гостување на утринската емисија на БНТ изјави дека Бугарија не се однесува кон Македонија како што Русијa се однесува кон Украина. Европратеникот потенцира и дека претседателот Стево Пендаровски, на почетокот на оваа година имал средба со бугарски функционери, на која станало јасно оти тој е иницијатор на „црните листи“.

Според него, ако кажеш дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, нема да можеш да влезеш во Македонија.

„Може да воведат декларации на границата и ако потпишете дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, нема да можете да влезете во земјата“, вели тој.

Ковачев го повика Националното собрание итно да ги усвои измените на Законот за бугарско државјанство.

Имаме земја во која моментумот од југословенската идеологија продолжува и сега. Не велам дека сме совршени, но има многу проблеми и кај соседите. И двете земји имаат долг пат, вели Ковачев.

Тој додава дека историската комисија е апсолутно блокирана и не работи.

„Вистината на историјата не може да ги дискриминира луѓето што живеат сега. Нема шанси да не натерате да замолчиме за дискриминација и хистерични факти“, заклучи европратеникот.

На бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев кој е и заменик-претседател на ЕПП, Милен Врабевски и уште тројца Бугари на 6 мај не им беше дозволено да ја поминат македонската граница. Тие отпатувале да учествуваат на панхидата на бугарските воени гробишта во струмичкото Ново Село, но не успеале да ја поминат границата. Од МВР тогаш соопштија дека причината за тоа е неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци.