|
Цената на златото достигна историски максимум. Таа се зголеми за 10,94 отсто годинава, поттикната од геополитичката нестабилност, вклучувајќи ја војната во Украина и инфлацијата. Цената на златото ја поддржаа и светските централни банки на држави како Индија, Турција, Кина и Русија. Тие купија рекордни количини злато.
Oчекувањата се дека цената на златото ќе достигне 2.300 долари во наредните месеци.Повеќето трговци се согласуваат дека банкарската криза е фактор што ги турка цените на златото кон рекордно високо ниво. Сепак, кризата изгледа дека е далеку од завршена во овој момент.