Курсна листа на НБРМ: Еврото и доларот се изедначија

|

Според средната курсна листа на НБРСМ, еврото денеска изнесува 61.5381 денари, а американскиот долар чини 60.9409 денари. Британската фунта изнесува 72.7917 денари.

Цените на нафтата паднаа под границата од 105 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи стравувањата од ширење на болеста во Кина и падот на побарувачката повторно се разгореа кај трговците, надминувајќи ја ограничената понуда.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше за 2,08 долари пониска од претходното затворање и изнесуваше 104,94 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 2,55 долари, од 102,24 долари.

Пазарите беа потресени на почетокот на неделата од веста дека Кина го откри првиот случај на високо заразната субваријанта оми крон во Шангај и дека бројот на нови случаи на инфекција во најголемиот кинески град скокна од 52 на 63.