Овие фактори влијаат на појавата на мигрена: Ќе мора да се откажете и од омилениот пијалок

|

Голем број луѓе страдаат од мигрена, а ова се сите причини поради кои сте ја добиле.

Тоа е нималку пријатна појава која доведува до ужасно силни главоболки. Толку силни што го оневозможуваат функционирањето во текот на денот.

Иако научниците сè уште не успеале доволно да ги истражат и да откријат што точно влијае на нив, претходните истражувања покажаа дека одредени фактори влијаат на нивната појава.

Стрес

Драматичното зголемување на физичкиот или менталниот стрес може да предизвика главоболки. Данските научници открија дека повеќето луѓе кои страдаат од мигрена изјавиле дека нападите на главоболка се случиле за време на стресен период.

Глад или дехидрација

Луѓето кои страдаат од мигрена често избегнуваат оброци. А токму внесувањето на мала количина храна предизвикува мигрена. Ист е случајот и со внесувањето на мала количина на вода.

Намирници

Одредена храна може да предизвика главоболка. Всушност, истражувањата покажаа дека храната е одговорна за мигрена кај дури 60 проценти од луѓето.

Што треба да се избегнува

Експертите наведуваат дека треба да се избегнува алкохол, чоколадо и кофеин.

Прекумерна потрошувачка на лекови – Одредени лекови, како што се аналгетиците, може да предизвикаат главоболка.

Мириси

Некои луѓе добиваат мигрена поради силни или необични мириси, а најчести се парфемите. Исто така, оние кои страдаат од мигрена не се толерантни на мириси за време на епизодите на главоболка.