Времето за Љиљана Петровиќ е бавно од смртта на Тоше Проески. Таа ја остави менаџерската работа веднаш по неговата смрт и целосно се повлече од јавноста.
Утре, 16-ти октомври, навршуваат 12 години откако Тоше трагично загина во ужасна сообраќајна несреќа.
Поранешната менаџерка вели дека месец октомври за неа е најтажен месец во годината.
„Се чувствувам лошо. Јас сум болна и не сум добро. Веројатно тагата го направи своето, целиот овој месец не се чувствувам добро и не сум расположена. И така секоја година во овој период. Тажна сум“, открива Љиља.
„Едноставно не сакам да прифатам дека го нема. Јас секогаш се чувствувам лошо во овој период од годината, затоа што октомври ме потсетува дека навистина го нема мојот Тошка. Го нема нагалено да ми каже “каде си ти моето биберче“. Не можам да објаснам со зборови зошто е тоа така, но лошо се чувствувам во октомври, вознемирена сум, премногу тажна, постојано ми се плаче“, вели Петровиќ, за српски портал.
„Знаете, работевме толку напорно што во тие пет години од нашата соработка бевме неразделни, делевме и ден и ноќ. Ги чувам сите подароци од него, тие ми се омилени. Нашите фотографии каде сме насмеани висат на ѕидот. Таму сме среќни и весели и тука и ги чувам безбедни. Го сакам неговиот часовник што тој ми го подари за роденден, последен пат. Засекогаш ќе го чувам“, заклучува поранешната менаџерка која сега е далеку од очите на јавноста и се занимава со лековити билки.