|
Локализиран е пожарот кој избувна денеска во поранешената фабрика „ОХИС”.
Таму сѐ уште се екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и нема информации за горење на какви било опасни материи, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според пријавата преку бројот за итни повици Е-112, како што информира ЦУК, опожарени се оџак и дрвена маса во еден од објектите.
Веднаш откако пожарот ќе биде целосно изгаснат, Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) ќе произлезе со повеќе информации.