МВР: Полицијата вчера казни 240 пешаци за прекршоци

|

Полицијата вчера, во засилена сообраќајна контрола на територијата на целата држава, од 10 до 14 часот казнила 240 пешаци за направени прекршоци.

-Притоа, 196 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 31 за минување на црвено светло. Осумдесет и пет од санкционираните пешаци се на територија на СВР Скопје, 65 на територија на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Битола,…За време на контролата регистрирани се и 127 останати прекршоци, информира МВР.

Министерството соопшти дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира  граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин.