„Ме погоди како нож во гради!“: Елена Ристеска објави досега невидена фотографија со Влатко Илиевски! (фото)

|

Помина нешто повеќе од една година откако сите бевме шокирани од прераната загуба на пејачот и актер Влатко Илиевски на само неколку дена откако наполни 33 години.

Времето минува, но споменот за Влатко не!

Неговата естрадна колешка и пријателка, пејачката Елена Ристеска на својот профил на Инстаграм објави стара фотографија со него за која напиша емотивен опис во кој вели дека кога ја нашла истата, како да ја прободел нож во градите.

-Ете така ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на сликата.Толку убав, толку млад,толку талентиран и оригинален.. и си викаш, до кога ќе губиме време на социјалниве мрежи да исправаме криви Дрини, кој-што рекол и направил, кој-каков бил.. До кога? До каде?Има ли крај?Од денес нов лист на книгава наречена-живот, пишува Елена.

Инаку, Елена комуницираше со Влатко преку пораки неколку часа пред тој да почине.

Во пораките разговараа за соработка, односно дует и нова песна која за жал никогаш нема да биде реалност, туку ќе остане само како негова неостварена желба и болно сеќавање.