Насилно прекинато шампионското славје на Барселона од навивачи на Еспањол

|

Барселона со 2-4 го победи лутиот градски ривал Еспањол на негов терен и теоретски ја освои шампионската титула, прва после четири години. На крајот од мечот домашните навивачи влетаа на терен и го прекинаа гостинското славје.

Екипата на Чави славеше долгоочекувана титула, за многу играчи и за тренерот тоа беше прва со Барселона, но навивачите на Еспањол не дозволија прослава на нивниот стадион.

Пред мечот од Еспањол соопштија дека по примерот на Барселона која во декември лани не дозволи влез на навивачи на ривалот на „Камп Ноу“, така и тие нема да дозволат продажба на карти за навивачи на Барса.

Каталонците после триумфот синоќа се собраа на средина на теренот, за гушнаа и еуфорично славеа шампионска титула но славјето траеше само неколку секунди затоа што домашните навивачи влетаа во терен и буквално ги набркаа гостинските фудбалери во соблекувалните.