Научниците збунети: Открија гигантска црна дупка која „воопшто не би требало да постои“

|

Гигантската црна дупка која неодамна ја откриле во Европската гравитациска опсерваторија би можела да има 6,5 милијарди пати поголема маса од Сонцето и во теорија, воопшто не би требало да постои.

Вселената е толку голема и неистражена, па неретко научниците наоѓаат нешто што знае да ги збуни и целосно да го промени начинот на кој гледаат на тој дел од вселената. Новиот извор на збунетост во круговите на научниците всушност не би требало да постои.

Иако се уште нема официјална потврда – затоа што ниту научниците не се целосно сигурни што откриле и како е тоа можно, меѓу нив се погласно се споменува откривањето на црната дупка која „не би смеела да постои“. Поточно, научниците наводно откриле нешто што би можело да биде црна дупка сто пати поголема од Сонцето, односно двојно поголема од тоа што физичарите сметаа дека е воопшто возможно.

Црната дупка настанува кога една ѕвезда умира и кога нејзиното старо јадро е „само“ 50 пати поголемо од масата на Сонцето. Поголемите ѕвезди или ја губат материјата додека не станат доволно мали да се „срушат“ во црна дупка, или исчезнуваат во силна експлозија.

Но, гигантската црна дупка која наводно ја откриле во Европската гравитациска опсерваторија би можела да има дури за 6,5 милијарди пати поголема маса од Сонцето. Според научниците, во теорија така голема црна дупка воопшто не би требало да постои.

Научниците се сомневаат дека оваа црна дупка настанала како резултат на спојување на 30 – 50 помали црни дупки, а новонастанатата потоа се споила со уште една голема. Тоа би можело да ги објасни сигналите кои ги откриле, но засега се многу внимателни во давањето на било какви конкретни информации.

Што точно откриле научниците и што би требало тоа да значи, официјално нема да дознаеме до пролетта 2020-та година, кога тимот на научници кој што ја проучува таа појава би требало да го објави својот извештај.