Најава за ограничување на цената на ПЦР тестовите нема

|

Новите мерки кои се предложуваат се вработените кои не се имуни*ирани на работа да мораат да покажат негативен тест.

Од кабинетот на министерот немаат конкретен одговор на прашањето на А1он: дали поради новите мерки размислуваат за воведување единствена цена на тестирањето или ограничување на цената.

„Во Законот за здравствена заштита е регулирана цената за лицата кои здравствените услуги за детекција на заразна болест (со ПЦР-метода или со примена на друга метода одобрена од Министерството за здравство), ги плаќаат со лични средства“, стои во одговорот од Министерството.

Здравствените власти засега немаат одговор ниту на прашањето зошто пропаднаа сите досегашни обиди за ограничување на цената на ПЦР тестирање, на кои доброволно се нафатија дел од приватните клиники, но конечен договор сепак не се постигна, пишува Слободен печат.

Најавите дека неимунизираните вработени за да одат на работа ќе биде задолжително да имаат негативен тест, а посебно договорот со Синдикатите за тестот да плаќа работодавачот, наидоа на многу реакции во јавноста. За тоа кој ќе ги плаќа тестовите, како и за задолжителната доза за здравствените работници, Владата требаше да одлучува на седница во вторникот, но расправата беше одложена. Предложените мерки ќе се разгледуваат на следната седница.