Најточниот тест на личноста: Одговорете искрено на прашањата и дознајте што се крие во вашата потсвест

|

Нашата потсвест е една голема енигма. Таа крие многу тајни, кои сме ги скриле дури и од самите себе. Воопшто не сме свесни за многу наши реакции, како и за многу од нашите желби. Одвојте неколку минути и направете психо тест. Откријте ја скриената страна на вашата личност!

Кога одговарате на прашањата, треба да го кажете првото нешто што ви паѓа на ум, без многу размислување. Почнуваме!

Замислете си дека шетате низ шума со една личност. Која е таа?

Личноста што ќе ја изберете е најважната личност во вашиот живот во моментот. Додека шетате низ шумата, слушате шушкање и се појавува животно.

Колку е големо и што правите во тој случај?

Неговата големина одговара на количината на стрес на која сте изложени, а она што го правите кога ќе го видите животното е како реагирате на стресот.

Продолжувате да одите и налетувате на куќа. Колку е голема? Дали гледате ограда?

Ако има ограда, тоа значи дека сте премногу затворени, дека се воздржувате и се ограничувате. Ако нема ограда, вие сте отворена личност. Големината на куќата ја претставува големината на вашата амбиција.

Одлучувате да влезете во куќата и гледате маса на којашто има чаша. Од каков материјал е направена – метал, стакло, картон?

Издржливоста на таа чаша ја претставува јачината на врската со личноста со која шетате во шумата. Колку повеќе работи гледате на масата, толку сте посреќни.

Потоа, излегувате од куќата и наидувате на водена површина. Колку е голема и како ќе ја поминете?

Големината на водата одговара на јачината на вашата сексуална желба. Ако се одлучите да ја препливате водата, подготвени сте да ги задоволите вашите желби, а ако ја заобиколите, тогаш тоа значи дека се откажувате од своите желби.