НБА ѕвезда мавташе со пиштол и направи хаос

|

Откако по вторпат беше фатен како мавта со пиштол во јавност, Џа Морант е суспендиран од тимот на Мемфис и ја чека одлуката на НБА, која најверојатно ќе го казни строго по завршувањето на плејофот. Сега Морант јавно проговори и истакна дека му е јасно дека ги разочарал сите што верувале во него. Но, тоа не значи дека ќе добие помала казна.

“Знам дека разочарав многу луѓе кои веруваа во мене. Тоа е патување и јасно ми е дека имам уште работа. Моите зборови можеби не значат ништо сега, но јас преземам целосна одговорност за моите постапки и волја да продолжам да работам на себе“, рече Морант.

Младиот плејмејкер на Мемфис, за кој се предвидуваше да стане една од најголемите ѕвезди во НБА – лигата, прво удрил малолетник додека играл кошарка, а потоа му се заканил со пиштол, меѓутоа бил снимен и во стриптиз клуб во Денвер како фрла пари. Против него беа отворени бројни истраги, но тој не застана и продолжи со таквото однесување, па повторно беше снимен како мафта со пиштол на Инстаграм. Тој беше суспендиран од клубот и НБА, но очигледно ништо не научил откако пред неколку дена повторно го направи истото