Новинарка го искара Бектеши што рекол Република Македонија без Северна (ВИДЕО)

|

„Новинарка на прес конференција во Влада жестоко реагира за тоа што министерот Бектеши рекол Република Македонија без да нагласи Северна.“

Господ да и’ е напомош ако и тој можит нешто воопшто да напрајт во случајов!!!” заклучува Богдан Илиевски објавувајќи видео на кое се гледа како новинарка го кара министерот за економија Крешник Бектеши затоа што рекол Република Македонија без да го каже зборот северна.

Инцидентот се случил на прес конференција на која министерот за економија Крешник Бектеши беше критикуван од новинарка дека не го користи официјалното име на државата – „Република Северна Македонија“.

Додека Бектеши раскажуваше зошто го поддржал отворањето на рудникот Иловица-Штука, слободната новинарка Александра Дуковска реагираше зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија.

Според неа Република Македонија не постои.

– Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња – реагираше Дуковска.

Дуковска го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори:

– Северна Македонија – рече тој.

– Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава? – инсистираше новинарката.

Бектеши на новинарката ѝ одговори дека користи Република Македонија затоа што цитира документи кои се донесени кога името на државата било Република Македонија.

,,Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“, и објасни Бектеши на на новинарката.

Видеото од кавгата во владата:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=118291121335912&id=603272137&mibextid=Nif5oz