|
Новиот директор на Бирото за метрологија, Абдул-Селам Селами, признава дека до пред некое време мислел дека метрологијата и метеорологијата не се едно исто ,односно дека метрологијата, всушност, не е наука за временските услови и временската прогноза.
Ова тој го откри во својот говор по повод Денот на метрологијата. Од искреното признание на Селами се навестува дека е можно тој ова да го дознал дури откога бил назначен за директор на Бирото, кое е највисоката метролошка институција во земјава.
„Метрологијата нема врска со временска прогноза, во кое што јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, но го одбележува влијанието на мерењето врз нашиот секојдневен живот“, рече Селами.