Овој додаток на многу пијалоци може да биде почва за бактерии: Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе нарачате пијалок во кафуле

|

Резултатите од едно истражување дојдоа до неверојатни податоци

Ако сте љубител на газирани пијалоци, обожавате да ги пиете во кафуле со парче лимон или портокал, а сето тоа со мраз кој е пријатен во топлите денови, па обрнете внимание! Летото веќе пристигна, а освежувањето во кафулињата и рестораните има еден недостаток. Следниот пат кога ќе нарачате пијалок со мраз, размислете дали тоа е добра идеја.

Спроведеното истражување за квалитетот на мразот покажало дека дури 77,2 отсто од примероците биле позитивни на присуство на колиформни бактерии, чие потекло е фекално. Станува збор за микроскопски мали честички кои влегле во мразот поради валкани раце. Затоа, најголемата заблуда кај луѓето е дека бактериите не можат да се задржат на мразот.

Мразот во кафулињата и рестораните за брза храна е најголемото место за размножување на бактерии и во просек ги има повеќе отколку во тоалетната школка, што е последица на реткото чистење на машината за мраз. Секако, ниту еден од примероците не претставува закана за здравјето. Друго истражување покажа дека најмногу бактерии се кријат во чаша вода или пенлив сок со парче лимон. Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, или 53 парчиња, биле контаминирани со бактерии.

Иако ова не е најсеопфатното истражување на оваа тема, можете исто така да забележите дека парчето лимон што сте го добиле во чашата е веќе претходно исечено и дека овие парчиња се чуваат во пластични садови на собна температура, што е исто така идеална средина за бактерии. Истражувањето не го открило јасно изворот на овие бактерии, но открило дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалоци.