Цената на целулозата во Кина е во постојан пораст во последните неколку недели, што може сериозно да влијае на растот на цената на тоалетната хартија и крпите во Европа.
Се проценува дека овие производи ќе поскапат за цели 40 проценти!
Производителите на тоалетна хартија, крпи, марамчиња и други производи од целулоза се збунети од наглото и неочекувано поскапување на основната суровина што ја користат во производството – целулозата.
Поскапувањето на оваа суровина ќе влијае и на крајните производи, а однесувањето на големите производители е различно – некои веќе прават огромни залихи на целулоза. Поскапувањето почнува од Кина, каде целулозата на почетокот беше многу евтина, што предизвика различни реакции на пазарот. Потоа следеа најави за затворање на некои фабрики, а потоа и тренд на зголемување на залихите на оваа суровина. Целата оваа „пазарна игра“ би можела да ја покачи цената на тоалетната хартија за дури 40 отсто.
Зголемувањето на цената на пулпата, освен што ќе ги зголеми цените на крајните производи, може да доведе и до прекини во синџирот на снабдување на големите фабрики – што секако влијае на поскапувањето на квалитетните крпи и хартијата од 100 отсто целулоза.
Ова предупредување доаѓа од TTO BMA (Trusted Providers of Global Pulp Market), кој го следи светскиот пазар на пулпа и ги истражува идните проекции на цените на оваа суровина. Имајќи предвид дека сите производители зависат од состојбата на пазарот во Кина, постои опасност ваквото сигурно поскапување да се почувствува и во цела Европа.
Тоа што суровините сочинуваат само 60% од вкупната цена на производот не е охрабрувачки, бидејќи до крајот на годината драстично поскапува и енергијата која во цената учествува и до 40%.
Притисокот врз производителите е голем, пазарното однесување го диктира цената на суровините, а овие најави покажуваат дека никој нема да може да одолее на скокот на цените.