Денеска главна тема во медиумите и во јавноста е приведувањето на поп пејачот Ламбе Алабаковски поради палењето влезот на културниот клуб Ванчо Михајлов во Битола.
Пејачот добива поддршка од поголемиот дел на јавноста, а сега познато е и по кој член од законот ќе биде гонет.
Од полицијата информираат дека за пејачот е покрената постапка за “предизвикување општа опасност“ како кривичното дело.
Од таму информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Членот предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.
„Тој што со пожар, поплава, екс плозија, отр ов или отро вен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општооп асно дејствие или средство ќе предизвика значителна опа сност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.“