Поплавени и заглавени автомобили на два дела од градот Скопје

|

Невремето што попладнево го зафати Скопје и се уште трае со намален интензитет, предизвика проблеми по скопските улици.

Една од познатите проблематични точки е и преминот под Стоковната куќа „Мост“, која и овој пат е поплавена што изгледа како езеро.

Поради големата количина вода сообраќајот е во прекин, а внатре има заглавено и едно комбе, објави веб сајтот 360 степени.

Од фотографии коишто попладнево пристигнале во редакцијата на Алсат пак, видливи се поплави од поголеми размери во населбите кај булеварот Џон Кенеди во скопски Чаир.

Исто така Булеварот Јане Сандански во Аеродром остана под вода по денешното невреме, при што автомобилите вртат низ споредни улици. Главната сообраќајница е целосно непроодна.

За среќа во овој дел од градот нема заглаврни автомобили.

Невремето откорна и дел од покров од зграда позади „Скопјанка“.