Пороен дожд го зафати Штип, има наноси од земја, камења и песок – но и поплавени објекти

|

Регионалниот ЦУК Штип информира дека, како последица од поројниот дожд што го зафати Штип, на неколку локации во градот има појава на наноси од земја, камења и песок.

Од страна на екипи на ЈП „Исар“ се интервенира со цел за да се отстранат истите.

Територијалната противпожарна единица Штип, со 3 ПП возила и 8 пожарникари интервенира на неколку објекти во долниот тек на реката Отиња (локација на потегот од црква „Свети Никола“ до Ново Село) во коишто има навлезено вода.

„Досега немаме добиено информации за поголеми предизвикани штети од невремето што го зафати градот Штип.“-велат од ЦУК.