|
Денеска (24.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Б.М. и М.М. во Скопје.
При претресот пронајдени се околу еден килограм марихуана, прашкаста материја, две дигитални ваги и поголема сума на пари.
Лицата се лишени од слобода и против нив по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.