|
Следува период на променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Утринските температури до крајот на неделева ќе бидат во интервал од седум до 16, а максималните дневни од 22 до 29 степени.