Славчо Попоски најавува дождови и пад на температурите

|

Времето и понатаму ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од југозападен правец.

Под влијание на брз влажен воздушен бран од запад утре навечер и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Веќе од недела како и во почетокот од следната недела ќе биде постабилно и со повеќе сончеви периоди а ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој ќе услови ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите. Тогаш истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

И во Скопскиот регион утре навечер и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд и можност за појава на грмежи. Температурата ќе се искачува до околу 26 степени, додека од недела па во почетокот на следната недела истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 23 степени.