СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Поројни дождови и силен ветер, еве кога

|

За време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. И понатаму ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека од утре истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во првите денови од следната недела. И во Скопскиот регион овој викенд, како и во првите денови од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Викендов ќе дува и умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 18 степени.

Напомена: За време на овој викенд и понатаму има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.