СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: По сонцето, пак дожд, проверете кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа во следните неколку денови времето ќе биде сончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на пораст и на средината од неделата истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Ново заладување на времето, како и врнежи се очекуваат кон крајот на работната недела.