Славчо Попоски прогнозира кога ќе врне

|

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде недела кога во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.

Во Скопје и околината времето денес, како и во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.