Неколку празници кои се неработни денови следуваат и во текот на периодот што доаѓа.
Првиот неработен ден е 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, додека пак 2-ри јуни православните го чествуваат Духовден кој се паѓа во петок, со што следува продолжен викенд.
Ова се сите неработни денови кои преостануваат.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ: 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 2 август (среда), Ден на Републиката, 8 септември (петок), Ден на независноста, 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед: 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед: 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: 23 мај (вторник), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.